ГЕРМАНСКИ ФОТОГРАФ ОДБИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    ГЕРМАНСКИ ФОТОГРАФ ОДБИ ПРЕСТИЖНА НАГРАДА ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА КОРИСТЕЛ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАФотографијата на Борис Елдагсен беше меѓу победниците на годинашниот Светски натпревар на Сони

    Германски фотограф одби да прими престижна награда откако призна дека неговата победничка фотографија била направена со помош на вештачка интелигенција. Борис Елдагсен кажа дека на овој начин сакал да покрене дискусија за користењето на вештачката интелигенција.

    Реалистичната црно-бела фотографија на Елдагсен, која прикажува две жени од различни генерации, победи на Светскиот натпревар на Сони во категоријата отворена креативност.

    „Решив да мамам за да видам дали фотографските натпреварувања се подготвени за вештачката интелигенција. Не се. На светот на фотографијата му треба дискусија, дискусија за тоа што сакаме да се смета за фотографија, а што не. Со моето одбивање на наградата се надевам дека ќе ја забрзам оваа дискусија“, порача Елдагсен.

    Тој додаде дека ова беше историски момент, бидејќи за првпат фотографија направена со вештачката интелигенција победи на еден престижен меѓународен натпревар. Предложи неговата награда да биде донирана на фестивал на фотографии во украинскиот град Одеса.

    Светската фотографска организација потврди дека Елдгасен пред прогласувањето на победниците признал дека ја создал својата фотографија со помош на вештачката интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира