Со изложбата насловена „7.144 згаснати ѕвезди во холокаустот“ во знак на сеќавање на депортираните Евреи од Македонија, Еврејската заедница во Македонија денеска го одбележа Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар) – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето.
Традиционално, секоја година на овој ден се отвора изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во училишниот награден конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Меѓу жртвите на Холокаустот се и 7.144 македонски Евреи кои во март 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, по наредба на бугарскиот цар Борис Трети.