РУСИЈА ПОЧНА ШИРОКА КАМПАЊА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ МАЖИ ВО ВОЈСКАТА, СЕ ВЕТУВА ПЛАТА ОД 2.500 ДОЛАРИ

    РУСИЈА ПОЧНА ШИРОКА КАМПАЊА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ МАЖИ ВО ВОЈСКАТА, СЕ ВЕТУВА ПЛАТА ОД 2.500 ДОЛАРИ„Ти си маж, биди маж“ порачува видеото објавено од министерството за одбрана

    Русија покрена широка рекламна кампања која ги повикува граѓаните да ѝ се придружат на војската, додека руските вооружени сили трпат големи загуби и се мачат да остварат напредок во Украина. Министерството за одбрана објави видео преку кое ги повикува Русите да ги остават своите цивилни работни места и да потпишат договор со војската.

    Во видеото кое вели „Ти си маж, биди маж“ се ветува месечна плата од најмалку 204.000 рубли (2.500 долари), што е четири пати повеќе од просечната плата во земјата.

    Ова видео е дел од пошироката кампања која добива многу простор во државните медиуми. На ВКонтакте, најпопуларната социјална мрежа во Русија, бројот на армиски реклами се зголемил седумкратно, според истражувањето на независниот медиум „Новаја газета“. Кампањата во медиумите е проследена и со билборди на улиците.

    Според проценките од протечените документи на Пентагон, Русија досега има меѓу 189.500 и 223.000 жртви во Украина, од кои 35.500-43.000 загинати. Во септември, Владимир Путин нареди делумна воена мобилизација, која наводно опфати над 300.000 резервисти.

    Засега не се размислува за нов бран на мобилизација“, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, реагирајќи на извештаите дека студенти во Москва почнале да добиваат повик за регрутација.

    Минатиот месец, рускиот парламент ја олесни процедурата за регрутирање нови војници, кои сега можат да поднесат документи и онлајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира