ПО 81 ГОДИНА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИТЕ НА ЈАПОНСКИ БРОД НА КОЈ ЗАГИНАЛЕ РЕЧИСИ 1.000 АВСТРАЛИЈЦИ

    ПО 81 ГОДИНА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИТЕ НА ЈАПОНСКИ БРОД НА КОЈ ЗАГИНАЛЕ РЕЧИСИ 1.000 АВСТРАЛИЈЦИПотонувањето на „Монтевидео Мару“ е најголемата поморска несреќа во историјата на Австралија

    Истражувачи на големи длабочини ги пронајдоа остатоците на јапонски транспортен брод кој потонал покрај Филипини во 1942 година, при што загинале над 1.000 луѓе, од кои најголем дел биле австралиски војници и цивили. Американска подморница го торпедирала бродот, не знаејќи дека е полн со затвореници, заробени на Папуа Нова Гвинеја.

    Бродот „Монтевидео Мару“ потонал во јули 1942 и тоа е најголемата поморска несреќа во историјата на Австралија. Се проценува дека притоа загинале 979 Австралијци, 33 норвешки морнари и 20 јапонски чувари и членови на посадата.

    Остатоците биле лоцирани од автономно подводно пловило на длабочина од над 4.000 метри, што е подлабоко од местото на кое што лежи „Титаник“.

    Тоа сега е воено гробиште. Тоа е гробница што мора да се третира со почит“, изјави капетанот Роџер Тарнер, технички специјалист во истражувачкиот тим.

    Тој додаде дека пловилото дошло на 45 метри до остатоците.

    Ништо нема да се чепка. Нема да се отстрануваат ни човечки останки, ни предмети“, соопшти фондацијата „Сајлентврлд“, која ја организираше мисијата.

    Монтевидео Мару“ потонал за десетина минути откако бил погоден од торпеда испукани од американската подморница „Старџон“. Биле исфрлени само три чамци за спасување, во кои 102 Јапонци стигнале до Филипини. Од „Сајлентврлд“ кажаа дека меѓу 1.089 жртви имало луѓе од 14 нации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира