СНИМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДАРКО ПАНЧЕВ, ПРЕМИЕРАТА Е В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ

    СНИМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ДАРКО ПАНЧЕВ, ПРЕМИЕРАТА Е В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕФилмот „Патот на Кобра до ѕвездите“ го следи фудбалскиот пат на Панчев (Фото: МИА)

    Легендарниот македонски фудбалер и голгетер на Вардар и Црвена звезда, Дарко Панчев, добива документарен филм, чија премиера ќе се одржи в понеделник во Скопје. Филмот насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“ го следи фудбалскиот пат на еден од најголемите голгетери во југословенскиот фудбал, а го сними телевизијата „Спорт клуб“.

    Идејата за филмот се појави пред две години кај некои спортски новинари. Тие ми ја објаснија идејата и мислам дека филмот ќе биде многу добар, ќе има многу гости, разговори и спомени“, изјави Панчев и додаде:

    Убаво е да им се остави нешто на помладите генерации. Не сум го гледал филмот досега, но на снимањето се вратив во детството и заедно се присетивме на многу работи. Мило ми е за сè што како Македонец сум го постигнал во дресот на Црвена звезда. Тој дел од историјата ќе се памети засекогаш“.

    Во филмот кој трае еден час и 18 минути се појавуваат 45 личности од спортот, културата и секојдневниот живот на Панчев. Снимањето траело 60 дена и притоа биле собрани 200 часови материјал, па филмот е само вовед во серијата за Панчев, што ќе се емитува на „Спорт клуб“.

    Премиерата ќе биде во хотелот „Александар палас“, а меѓу видните гости кои ќе присуствуваат се Дејан Савиќевиќ и Драган Стојковиќ-Пикси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира