АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ЕВАКУИРАНИ ОД СУДАН ДОДЕКА ПРОДОЛЖУВААТ БОРБИТЕ ЗА ПРЕВЛАСТ

    АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ЕВАКУИРАНИ ОД СУДАН ДОДЕКА ПРОДОЛЖУВААТ БОРБИТЕ ЗА ПРЕВЛАСТЖестоки борби помеѓу двете спротивставени војски избија во Картум минатата недела (Фото: АП)

    Американската војска ги евакуираше американските дипломати и нивните семејства од главниот град на Судан, Картум, каде што повеќе од една недела се водат борби за превласт. Претседателот Џо Бајден потврди дека евакуацијата била изведена брзо и чисто, при што помалку од 100 луѓе биле извлечени со три хеликоптери.

    И Франција објави дека почнала да ги евакуира своите граѓани и дипломати од земјата.

    Жестоки борби помеѓу двете спротивставени војски избија во Картум минатата недела. Борбата за превласт помеѓу регуларната армија иа Судан и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) е проследена со силни бомбардирања во главниот град, при што досега загинале над 400 луѓе, а илјадници се повредени. Поради постојаните борби, голем дел од населението нема струја и сигурен пристап до храна и вода.

    Вашингтон соопшти дека американската амбасада во Картум сега е затворена и дека нема безбедносни услови за евакуација на останатите американски државјани кои се наоѓаат во Судан.

    Повеќе од 150 странски државјани вчера беа евакуирани преку море до саудиското пристаниште Џеда. Во Судан и натаму нема формално примирје, иако РСФ се согласила дека нема да пука во американските хеликоптери при евакуацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира