ВО СТРУГА ПОЧНА ПРОЕКТОТ „ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ“, МУЛТИЕТНИЧКА НАСТАВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ КУЛТУРНИ РАЗЛИКИ

    ВО СТРУГА ПОЧНА ПРОЕКТОТ „ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ“, МУЛТИЕТНИЧКА НАСТАВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ КУЛТУРНИ РАЗЛИКИУчениците на овој начин заеднички следат настава, имаат бројни активности и создаваат пријателства (Фото: СДК.МК)

    Градинките и основните и средните училишта во Струга започнаа со заеднички наставни активности за децата кои учат на различни јазици во рамките на проектот на Министерството за образование „Градиме нови мостови“, поддржан од ОБСЕ. Учениците заеднички следат настава, имаат бројни активности и создаваат пријателства.

    Во нашето училиште почнаа да се реализираат тие мултиетнички паралелки, односно заеднички часови. Во моментов ги реализираме со околу 30% од наставната содржина, како нешто ново во нашето училиште. Имаме доста добар резултат“, вели Кети Јанкоска, директорката на средното стручно училиште „Нико Нестор“.

    Мултиетничките паралелки имаат за цел создавање на воспитно-образовна клима која ги негува меѓукултурните и интеграциските процеси за надминување на културните разлики. Преку заеднички наставни и воннаставни активности се постигнува меѓусебно зближување.

    Според Јанкоска, ваквите проекти даваат видни резултати во зголемувањето на меѓуетничката толеранција, учениците стануваат поемпатични и потолерантни, а намален е и бројот на меѓуетнички тепачки на ученици, кои пред десетина години беа секојдневние во струшките училишта.

    Покрај тоа што го учат јазикот, децата почнуваат и да се дружат. Доказ за тоа е сè поголемиот соживот помеѓу учениците Македонци и Албанци во нашето училиште. Мултиетничките тепачки кои ги имавме сега се минато во ‘Нико Нестор‘“, вели Јанкоска.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира