ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ ЈОНУЗИ СЕ ВОЗЕЛ СО „ПАСАТОТ“ НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ЗА ПРИВАТНИ ПОТРЕБИ, СЕ БАРА НАЧИН ДА БИДЕ КАЗНЕТ, НО ВЛАДАТА ГО ШТИТИ ОТИ ТАА ГО НАЗНАЧУВА

    ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ ЈОНУЗИ СЕ ВОЗЕЛ СО „ПАСАТОТ“ НА ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ ЗА ПРИВАТНИ ПОТРЕБИ, СЕ БАРА НАЧИН ДА БИДЕ КАЗНЕТ, НО ВЛАДАТА ГО ШТИТИ ОТИ ТАА ГО НАЗНАЧУВАДиректорот Јовановски бара начин како да покрене дисциплинска постапка за неговиот заменик што го назначила Владата. - Затворот „Идризово“ (Фото:СДК.МК)

    Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски бара одговорност од неговиот заменик Феми Јонузи, бидејќи по спроведената интерна истрага, се утврдило дека на 17 април, кога службениот „пасат“ изгоре пред џамијата во Студеничани, Јонузи тогаш го возел за приватни потреби.

    Јонузи, бивш пратеник од ДУИ и вечен заменик-директор на „Идризово“, покрај службеното возило, има и возач и други привилегии.

    „Вечерта кога било запалено службеното возило, Јонузи го користел за развозување за приватни потреби. Неспорно е дека заменикот директор ги злоупотребил привилегиите за приватни цели. Бараме начин како да му покренеме дисциплинска постапка, затоа што тој е именуван како и јас, од Владата. Раководството на казнено-поправните установи го назначува и разрешува Владата“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Јовановски.

    Преку портпаролот на Владата, на 18 април го прашавме и премиерот Димитар Ковачевски зошто заменик-директор има службено возило со шофер и кој ќе ја плати штетата за изгорениот „пасат“, сопственост на затвор „Идризово“.

    До денеска не добивме одговор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира