ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР РАБОТАТ 129.374 ЛИЦА, ЗА 2.714 ПОМАЛКУ ОД ЛАНИ

    ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР РАБОТАТ 129.374 ЛИЦА, ЗА 2.714 ПОМАЛКУ ОД ЛАНИНајголем број од вработените во јавниот сектор се од дејноста образование и тоа 34 проценти.(Фото: К. Попов)

    Во јавниот сектор работат 129.374 лица, покажува извештајот за вработените во јавниот сектор за 2022 година. Споредбено со лани, има намалување за 2.714 вработени.

    Бројот на државни интитуции е 1.354 и во споредба со 2021 има зголемување за осум институции. 60,7 проценти од институциите се на локално ниво, 39,3 на централно ниво.

    Најголем број од вработените во јавниот сектор се од дејноста образование и тоа 34 проценти, здравство 18%, управа 13%, комунални работи 9%, труд и социјална работа 7%, локална власт 5%,транспорт и култура по 3 проценти, земјоделство, шумарство и правосудство со по 2% и останатите дејности со вкупно 4%“, рече министерот за информатично општество и администрација Азир Алиу.

    Во органите на извршната власт се вработени 14.531 лица. Бројот на овие вработените е 13 проценти од вкупната бројка на вработени во јавниот сектор. Споредбено со 2021, бројот на вработени во државна власт е намален за 771 лице. Само од министерствата заминале 302 лица. Извештајот кажува и дека во голем број институции, во 504, има до 50 вработени, а само 20 институции имаат над 500 вработени.

    Во јавниот сектор работат 56,29% жени и 43,71% мажи. 71 проценти се Македонци, 21,6% Албанци, 2,42% Турци, 1,49% Роми, 1,4% Срби.

    Во 2022 се намалува бројот на вработени во јавниот сектор кои се доктори на науки и магистри, а на сметка на тоа се зголемува бројот на вработени со основно образование. Како што кажа министерот Алиу, 55.85% од вработените имаат високо образование.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира