СЕ ОТСТРАНУВА НЕФУНКЦИОНАЛНАТА ФОНТАНА НА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ЧИНИ НАД 760.000 ЕВРА

    СЕ ОТСТРАНУВА НЕФУНКЦИОНАЛНАТА ФОНТАНА НА ОХРИДСКИОТ ПЛОШТАД, РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ЧИНИ НАД 760.000 ЕВРАПредвидено е просторот да биде уреден со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи. (Фото: СДК.МК)

    Ппочна отстранувањето на фонтаната на плоштадот „Крушевска република“ во Охрид, која со години беше нефункционална и го нарушуваше ликот на градот. Ова е дел од подготвителните активности за реализација на проектот за реконструкција на плоштадот.

    Со овој капитален проект од 47 милиони денари (над 760.000 евра) Охрид ќе добие модерен плоштад, велат од Општина Охрид. Предвидено е просторот да биде уреден со нова урбана опрема, канделабри, осветлување со лед светилки, фонтана, садници и клупи.

    Отстранувањето на фонтаната на плоштадот ‘Крушевска република’ е во согласност со предвидената реконструкција на плоштадот. Во овој момент фонтаната ќе биде отстранета, а површината ќе биде соодветно уредена. После добивањето на одобрението за реконструкција на плоштадот веднаш ќе се започне со негова целосна реконструкција“, велат од Општината.

    Претходно од Завод и Музеј Охрид беа спроведени археолошки истражувања за утврдување дали и каков археолошки материјал има на тој простор за да може да се добие одобрение за реконструктивните зафати.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира