Русија лансираше серија ракетни и артилериски напади на Украина во втор ваков голем напад пред зори за три дена. Едно лице загина во регионот Херсон, а во Днипропетровск беа повредени 25 лица, вклучувајќи три деца.
Украинската армија соопшти дека пресретнала 15 од 18-те ракети. Една од главните цели на денешниот напад беше градот Павлохрад, во регионот Днипропетровск, каде што бе оштетени 19 станбени згради, 25 приватни куќи, шест училишта и градинки. Павлохрад се наоѓа на 110 километри од фронтот во источна Украина.
Во Бахмут, каде што се водат најтешките борби, Украина вели дека нејзината армија ги истерала Русите од неколку позиции во градот. Генералот Олександр Сирски, командантот на копнените сили, кажа дека ситуацијата останува тешка, но непријателот не може да го заземе градот.