СТУДЕНТ ИЗЕЛ БАНАНА КОЈА БИЛА ИНСТАЛАЦИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО СЕУЛ

    СТУДЕНТ ИЗЕЛ БАНАНА КОЈА БИЛА ИНСТАЛАЦИЈА НА ИЗЛОЖБА ВО СЕУЛОд Музејот изјавиле дека нема да бараат отштета против студентот. (Фото: Гети)

    Јужнокорејски студент по уметност изел банана која била дел од инсталацијата на уметникот Маурицио Кателан, со оправдание дека бил гладен оти не доручкувал.
    Уметничкото дело наречено „Комедичар“, дел од изложбата на Кателан „Ние“, се состоеше од зрела банана залепена на ѕидот во Музејот на уметноста во Сеул. Откако ја изел бананата, Нох Хју-су, ја залепил кората на ѕидот.
    Локалните медиуми објавија дека Музејот подоцна поставил нова банана на истото место. Од Музејот изјавиле дека нема да бараат отштета против студентот. Изложената банана се заменува на секои два или три дена.
    На видеата објавени на Интернет, се слушаат извици „Извинете“ додека студентот ја вади бананата од ѕидот. Тој не реагира и почнува да јаде. Потоа ја залепи лушпата на ѕидот и позираше за момент пред да замине.

    „Оштетувањето на уметничко дело може да се гледа и како уметничко дело, мислев дека ќе биде интересно. Нели е залепено таму за да се јаде?“, рекол тој.

    Ова не е прв пат бананите што се користат за работата на Кателан да бидат изедени од посетител. Во 2019 , уметникот Дејвид Датуна ја извлече бананата од ѕидот откако уметничкото дело беше продадено за 120.000 долари во Арт Базел во Мајами. Бананата била брзо заменета и не било преземено понатамошно дејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира