НАД 20.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО БАХМУТ ОД ДЕКЕМВРИ, ВЕЛАТ ПРОЦЕНКИТЕ НА ПЕНТАГОН

    НАД 20.000 РУСКИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО БАХМУТ ОД ДЕКЕМВРИ, ВЕЛАТ ПРОЦЕНКИТЕ НА ПЕНТАГОНУкраинските сили и натаму држат некои делови од Бахмут (Фото: АФП)

    Над 20.000 Руси загинале во борбите во Украина од декември, велат американските проценки. Повикувајќи се на новообјавени документи, портпаролот на Советот за национална безбедност на Пентагон, Џон Кирби, кажа дека уште околу 80.000 руски војници биле ранети.

    Половина од загинатите отпаѓа на платеничката група „Вагнер“, која го предводи рускиот напад на Бахмут. Русија се обидува да го освои овој град уште од летоска, но украинските сили и натаму се држат во западниот дел. Украинските власти велат дека ја користат битката за да се убијат што е можно повеќе Руси и да им се исцрпат резервите.

    „Рускиот обид за офанзива во Донбас преку Бахмут пропадна. Русија не успеа да заземе никаква вистински стратешка и значајна територија. Проценуваме дека притоа има околу 100.000 жртви, од кои 20.000 загинати“, изјави Кирби.

    Тој додаде дека не ги откриваат проценките за Украина, зашто „таа е жртвата, а Русија е агресорот“.

    Освојувањето на Бахмут би ја доближила Русија до целта да го контролира целиот Донбас, иако градот има мала стратешка важност. Главната улога во оваа битка ја презеде „Вагнер“, чиј шеф Евгени Пригожин неодамна се закани дека ќе ги повлече своите трупи зашто не добиваат доволно воена помош од Москва. Тој исто така ги повика руските медиуми и военото водство да престанат да ја лажат јавноста во пресрет на очекуваната украинска противофанзива.

    Украинскиот генерал Олександр Сирски кажа дека успеале да ги истераат руските сили од некои позиции во Бахмут, но ситуацијата останува тешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира