Еден од најтрофејните југословенски кошаркари на сите времиња Дамир Шолман почина на 74 години по долго боледување.
Иако роден во Загреб, Шолман ја помина речиси целата кариера во дресот на Југопластика, со која двапати беше државен првак и останува најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 5.783 поени. Две години играше и во Италија, пред да се врати во Сплит, каде што ја заврши кариерата во 1983.
Со репрезентацијата на СФРЈ освои две олимписки сребра (1968 и 1976), злато и сребро на светските првенства и две титули на европските првенства.