14-ГОДИШНИК ПУКАЛ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД, УБИЕН ЧУВАР, ИМА ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА

    14-ГОДИШНИК ПУКАЛ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД, УБИЕН ЧУВАР, ИМА ПОВРЕДЕНИ ДЕЦАПукањето го извршил ученик од седмо одделение, кој е уапсен (Фото: Нова.рс)

    Четиринаесетгодишно момче е уапсено откако пукало со пиштол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, при што е убиено најмалку едно лице. Според некои медиуми, убиени се и повеќе деца.

    Српските медиуми објавија дека инцидентот се случил утрово во осум часот, кога ученикот од седмо одделение почнал да пука кон ученици и припадници на обезбедувањето. Еден чувар е убиен, а меѓу повредените има и деца и наставници.

    Според последните информации, едно девојче е на реанимација, а две момчиња имаат прострелни рани.

    Пукањето во училиштето траело пет минути, а момчето притоа користело пиштол на татко му. Во една училница е пронајден ранец со неколку шишиња запалива течност, но не се знае кому му припаѓа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира