ЦРКВАТА НА ДИВО НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ БОГОРОДИЦА, НЕМАЛЕ ПАРИ ДА ГИ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА

    ЦРКВАТА НА ДИВО НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ БОГОРОДИЦА, НЕМАЛЕ ПАРИ ДА ГИ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈАНаплатата е незаконска бидејќи за да може некој субјект да наплатува паркирање треба да добие дозвола од Советот на Град Скопје.(Фото: СДК.МК)

    На Плоштадот Пресвета Богородица со години на диво се наплаќа паркирање и никој не реагира. Плочникот и пешачката зона се блокирано со коли, а лице од црквата наплатува и им наоѓа место на возилата.

    Наплатата е незаконска бидејќи за да може некој субјект да наплатува паркирање треба да добие дозвола од Советот на Град Скопје. Досега Советот на Град Скопје не дал дозвола црквата да наплатува паркирање, ниту пак ваква точка стигнала на дневен ред.

    Лицето кои го затекнавме како наплатува ни рече дена дневна паркинг карта е 100 денари, а месечна 1.500 денари. На нашето прашање дали имаат дозвола за да наплатуваат ни рече да си ја гледаме својата работа.

    Не мудрувајте многу, гледајте си ја својата работа. Па со кои пари да ги платиме сметките за струја, знаете ли колкави суми ни стигнуваат. И кај да се паркираат вработените во сите овие институции кои ги направија“, ни рече лицето од црквата.

    Дневна паркинг карта е 100 денари, а месечна 1.500 денари. (Фото: СДК.МК)

    Проблемот со паркирање на Плоштадот Пресвета Богородица трае со години. Во време на ексградоначалникот Петре Шилегов инсекцијата на Град Скопје излезе на терен, ги расчисти колите и даде забрана на црквата да наплатува бидејќи немаат дозвола. Но, после неколку дена од акцијата на Градот, пак се врати сè по старо и црквата продолжи да наплаќа паркирање.

    Плоштадот Пресвета Богородица почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“. На него се изградени три фонтани со мермерни релјефи на кои стојат скулптури на свети Никола и свети Петар и Павле. Изградбата на Плоштадот ја финансираа Град Скопје и Општина Центар и чини околу 5,3 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира