РАСПРОДАДЕНО Е ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „НАБУКО“

    РАСПРОДАДЕНО Е ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „НАБУКО“Солистите од НОБ со гостите од Италија и директорот Васко Ристов на денешниот прес. (Фото: К. Попов)

    Распродадени се билетите за премиерата на операта „Набуко“ од Верди, со која на 9. мај во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отворат 51. Мајски оперски вечери (МОВ), рече денеска генералниот директор Васко Ристов. Распродадена е и изведбата на балетот „Лебедово езеро“.

    „Набуко“ последен пат била обновена на 25 февруари 2003, а на редовниот репертоар последен пат била изведена на 7 декември 2017.

    Вердиевата опера во НОБ ја постави екипа од Италија: Ренато Бонајуто како режисер и Тереза Гаргано како асистентка, Флавио Арбети како сценограф, и Артемио Кабаси како костимограф. Ќе диригира Даниеле Аџиман исто од Италија.

    Аџиман на денешната прес-конференција рече дека „Набуко“ можеби е една од најсложените италијански опери. Авторската екипа рече дека станува збор за класична поставка, и дека ккаво било интервенирање или модернизирање, ќе биде непочитување кон творештвото на Верди.

    Мајските оперски вечери ќе траат до 31 мај, до кога ќе се изведат и балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски (12 мај), операта „Кармен“ на Жорж Бизе (17 мај), „Травијата“ од Верди (21 мај)„“, Реквием“ од Верди, каде што ќе свири Филхармонијата и Хорот на НОБ (26 мај) и „Аида“ за свеченото зтаворање. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира