ПОРАДИ РЕМОНТ НА ПРУГАТА КАЈ НЕГОТИНО, ПОПЛАДНЕВНИОТ ВОЗ ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СООБРАЌА ПОДОЦНА

    ПОРАДИ РЕМОНТ НА ПРУГАТА КАЈ НЕГОТИНО, ПОПЛАДНЕВНИОТ ВОЗ ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СООБРАЌА ПОДОЦНАВозот ќе трга со задоцнување од 85 минути (Фото: СДК.МК)

    Од понеделник до 20 мај, попладневниот воз Гевгелија-Скопје ќе поаѓа час и половина подоцна од она што е предвидено со возниот ред.

    „Поради ремонт и промена на свртници на пругата Велес-Гевгелија, се одредува и одобрува затворање на пругата со исклучување на напонот во возниот вод од 9:30 до 19 часот во деновите од 8 до 20 мај“, информираа од ЈП МЖ Инфраструктура.

    Поради ова, патничкиот воз број 632 на релацијата Гевгелија-Скопје ќе трга од Гевгелија со задоцнување од 85 минути, односно во 18:20 часот. На 14 мај (недела) возот ќе сообраќа според редовниот возен ред.

    Во тек е целосен ремонт на пругата на делницата Неготино-Кукуричани, при што се менуваат праговите, шините и подлогата, процес кој ќе трае неколку месеци.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира