ДВЕГОДИШНИОТ КИРИЛ ЦВЕТАНОВСКИ ОД БИТОЛА Е НАЈМЛАДИОТ ПЛАНИНАР НА МАРШОТ ЗА СМИЛЕВО

    ДВЕГОДИШНИОТ КИРИЛ ЦВЕТАНОВСКИ ОД БИТОЛА Е НАЈМЛАДИОТ ПЛАНИНАР НА МАРШОТ ЗА СМИЛЕВОМаршот траеше пет часа, а на крај Кирил доби благодарници како и сите учесници. (Фото: СДК.МК)

    Битолчанецот Кирил Цветановски со две и пол години беше најмладиот учесник на 12. традиционален марш „Смилево 2023“, што вчера во чест на Денот на полицијата го организираше Полициско-спортскиот клуб „7 Мај“ од Битола. Кирил беше дел од стотина учесници на маршот кои минаа 18 километри од селото Ѓавато до Смилево, движејќи се по патеката на првите македонски стражи формирани за време на Смилевскиот конгрес во 1903 година.

    Дел од патот го мина пешачејќи, а дел во ранецот што го носеа неговите родители Марија и Златко Цветановски, кои се искусни планинари.

    „Кирил се искачува веќе две години, а има две и пол. Првото искачување му беше до Неолица на Баба кога имаше само на пет и пол месеци, па потоа на врвот на Пелистер, Антена на седум месеци, па Вртешка на 10 месеци, на Голем Кораб, па Триглав… Кога беше помал го носевме само во ранецот, а сега на порамни места оди сам, а кога ќе се измори го ставаме во ранецот каде и си дремнува“, велат родителите кои не се откажаа од планинарењето кога го добија и третото дете, туку го понесоа и него во планинските авантури.

    Маршот траеше пет часа, а на крај „7 Мај“ им даде благодарници на учесниците, меѓу кои и на Кирил.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира