Францускиот новинар со босанско потекло Арман Солдин загина додека известувал од источна Украина. Триесет и двегодишниот Солдин, кој работеше за француската новинска агенција АФП, починал откако била ракетирана група новинари која била со украински војници близу градот Часив Јар, западно од Бахмут.
Солдин е 15. новинар кој загинал од почетокот на руската инвазија на Украина, според Комитетот за заштита на новинарите. Меѓу нив се уште двајца Французи.
Роден во Сараево, Солдин бил меѓу првите босански бегалци кои биле евакуирани во Франција во 1992 година. Тогаш имал само 12 месеци.
Работејќи како видеорепортер, Солдин бил дел од првиот тим на АФП кој бил испратен во Украина по почетокот на војната и таму постојано престојувал од септември.