ИНСИСТИРАМЕ ДРЖАВНАТА МАТУРА ДА СЕ ОДРЖИ НА ПРЕДВИДЕНИТЕ ДАТУМИ, УЧЕНИЦИТЕ ДА БИДАТ КОНСУЛТИРАНИ ЗА СЕКОЈ НОВ ПРЕДЛОГ, ВЕЛИ МОН

    ИНСИСТИРАМЕ ДРЖАВНАТА МАТУРА ДА СЕ ОДРЖИ НА ПРЕДВИДЕНИТЕ ДАТУМИ, УЧЕНИЦИТЕ ДА БИДАТ КОНСУЛТИРАНИ ЗА СЕКОЈ НОВ ПРЕДЛОГ, ВЕЛИ МОН„Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите“, вели МОН. -Министерот Шаќири. (Фото: МОН)

    Министерството за образование и наука (МОН) инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни, соопштија денеска од кабинетот на министерот Јетон Шаќири.

    Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк, кажа денеска претседателката на Синдикатот Емилија Бошковска. Синдикатот штрајкува веќе трета недела, со што е неизвесно полагањето на државната матура, најавена за 27 мај и 10 јуни, а 0д тоа зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство.

    МОН апелира до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома.

    „Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура. Дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите“, вели Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира