Јутјуберот Тревор Џејкоб призна дека намерно урнал авион заради кликови и се изјасни како виновен за попречување федерална истрага така што го исчистил местото на падот. Тој се соочува со затворска казна до 20 години.
Џејкоб објави видео од падот на авионот на Јутјуб во декември 2021, тврдејќи дека било несреќа. Видеото досега собра над 2,9 милиони прегледи. Тој сега кажа дека видеото го снимил како дел од рекламен договор.
Дваесет и деветгодишниот пилот и падобранец се согласил да ја признае вината за едно кривично дело – уништување и прикривање со намера да се попречи федерална истрага, објави министерството за правда на САД.
Во ноември 2021, Џејкоб полетал сам од аеродромот во Санта Барбара, со камери закачени на авионот, а со себе земал уште падобран и стап за селфи.
„Тој немал намера да стигне на дестинацијата, туку да скокне од авионот за време на летот и да се сними како се спушта со падобран, додека авионот паѓа“, соопшти обвинителството на централниот округ на Калифорнија.
Авионот паднал во националната шума Лос Педрос 35 минути по полетувањето. Џејкоб го пријавил падот, а властите му рекле дека мора самиот да ги обезбеди остатоците од авионот, што потоа ги отстранил и уништил.