РУСКИ ПРАТЕНИК РАНЕТ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО ЛУГАНСК, РУСКАТА ВОЈСКА ПРИЗНА ДЕКА СЕ ПОВЛЕКЛА ВО БАХМУТ

    РУСКИ ПРАТЕНИК РАНЕТ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО ЛУГАНСК, РУСКАТА ВОЈСКА ПРИЗНА ДЕКА СЕ ПОВЛЕКЛА ВО БАХМУТСнимки од Луганск покажуваат густ чад над градот кој досега не беше во дострелот на украинските ракети (Фото: Твитер)

    Две експлозии се регистрирани во окупираниот град Луганск оддалечен околу 90 километри од фронтот, само ден откако Велика Британија објави дека ѝ дала проектили со долг дострел на Украина. Проруските власти го обвинија Киев за нападот и кажаа дека се ранети шест деца, како и рускиот парламентарец Виктор Водолацки.

    Луганск е надвор од дострелот на ракетите ХИМАРС, со кои Украина досега гаѓаше цели на поголеми дистанци, но проруските власти веруваат дека нападот бил изведен со проектили добиени од Велика Британија. Во нападот се оштетени административни згради.

    Ова следува откако Украина соопшти дека ослободила територија од 17,3 квадратни километри кај Бахмут, иако тврди дека нејзината голема противофанзива сè уште не е почната. Во исто време, руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили се прегрупирале во една област на Бахмут од стратешки причини.

    Јужната група на руските сили зазеде подобри одбранбени позиции во Малоилинивка северозападно од Бахмут“, соопшти Москва.

    Шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин, кажа дека не станува збор за прегрупирање, туку „руската војска едноставно избегала“. И руските блогери известија за напредувањето на украинските сили кај Бахмут.

    Украинските сили зазедоа висок терен над Бахмут и го отворија главниот автопат што води кон градот од запад. Изгубивме пет квадратни километри само во еден ден“, кажа Пригожин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира