КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ МУ ОВОЗМОЖИ ГОЛЕМ КАМБЕК НА ЏОНИ ДЕП СО ПРЕМИЕРАТА НА НЕГОВИОТ НОВ ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ МУ ОВОЗМОЖИ ГОЛЕМ КАМБЕК НА ЏОНИ ДЕП СО ПРЕМИЕРАТА НА НЕГОВИОТ НОВ ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)Доаѓањето на Џони Деп во Кан привлече голем интерес (Фото: Гети)

    Црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал заживеа денеска со премиерата на историската драма „Жана де Бари“ со Џони Деп во главната улога, додека француската ривиера се подготвува за доаѓањето на уште големи ѕвезди во следните денови.

    Жирито го предводи шведскиот режисер Рубен Остлунд (Фото: Кански фестивал)

    Покрај Деп, за кого ова претставува голем камбек по ланското експлозивно судење со бившата сопруга Амбер Хрд, на отворањето на 76. издание на фестивалот се појавија и Бри Ларсон, Ума Турман, Гонг Ли, Ел Фанинг, Катрин Денев и Хелен Мирен.

    Режисерката Маивен, Џони Деп и актерот Пјер Ришар, со чиј филм се отвори Кан. (Фото: Кански фестивал)

    Ума Турман (Фото: АП)

    Мајкл Даглас прошета по црвениот тепих со сопругата Кетрин Зета-Џонс и нивната ќерка Керис во пресрет на добивањето на Златната палма за животно дело.

    Мајкл Даглас доби Златната палма за животно дело. (Фото: Кански фестивал)

    Хелен Мирен (Фото: АП)

    За главната награда Златна палма ќе одлучува жири предводено од шведскиот режисер и лански победник Рубен Остлунд, а за неа ќе конкурираат 21 филм, меѓу кои и на режисерите Нани Морети, Кен Лоуч и Вим Вендерс. Во Кан ќе бидат премиерите на „Индијана Џонс 5“ и на новите филмови на Мартин Скорсезе и Вес Андерсон, „Убијците на Цветната Месечина“ и „Астероид Сити“.

    Катрин Денев (Фото: АП)

    Ел Фанинг (Фото: АП)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира