СО ШЕСТ МЕСЕЦИ ДОЦНЕЊЕ, ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ НА ДЕСНАТА СТРАНА НА ВАРДАР ВО ВЕЛЕС

    СО ШЕСТ МЕСЕЦИ ДОЦНЕЊЕ, ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ НА ДЕСНАТА СТРАНА НА ВАРДАР ВО ВЕЛЕСКејот треба да биде готов до крајот на годинава (Фото: СДК.МК)

    Во средината на минатата седмица почна изградбата на кејот од десната страна на Вардар во Велес. Должината на кејот ќе биде 200 метри, од мостот „Гемиџии“ до Мало мовче и нешто пониско. На него ќе се постават и неколку киосци за продажба на локални сувенири и рачни изработки.

    „Во првата фаза се отстранува вештачкиот земјен остров, создаден по изградбата на кејот на левата страна, по што ќе се продолжи со градежните зафати“, изјавија од Општина Велес.

    Причината за доцнењето на изградбата беше забраната за работа издадена од Министерството за животна средина поради нецелосна документација. Подоцна Општина Велес објави дека документите биле во ред и залудно биле изгубени шест месеци, период за кој кејот требаше да биде завршен.

    Градоначалникот Колев претходно кажа дека кејот треба да биде готов до крајот на годинава, доколку нивото на Вардар во Велес биде стабилно.

    Изградбата почна на 1 ноември, но веднаш беше стопирана. Ова е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“, финансиран со средства на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин и со него треба да се развива локалната економија. Проектот е вреден 430.000 евра.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира