НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ, СЕ ИЗЛЕАЈА НАД 20 РЕКИ

    НАЈМАЛКУ 13 ЗАГИНАТИ ВО НАЈГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ, СЕ ИЗЛЕАЈА НАД 20 РЕКИНајтешко погодениот регион е Емилија-Ромања, каде што се евакуирани околу 20.000 луѓе (Фото: Анса)

    Повеќе од 20 реки се излеаја од своите корита во Италија, при што загинаа најмалку 13 луѓе, откако за ден и пол наврнало шестмесечно количество дожд. Уште тела се пронајдени денеска, откако се излеаја речиси сите реки меѓу Болоња и североисточниот брег, оддалечени 115 километри. Регистрирани се и околу 280 свлечишта.

    Ова беа многу лоши 48 часа. Водата и калта го преплавија целото село. Никогаш не сум видела вакво нешто“, изјави 71-годишна жителка на Ботегино ди Ѕока, јужно од Болоња.

    Министерот за цивилна заштита Нело Музамеки изјави дека тропските услови веќе стигнале во Италија, при што 20 сантиметри дожд наврнале за 36 часа, а во некои области и 50 сантиметри.

    Најтешко погодениот регион е Емилија-Ромања, каде што се евакуирани околу 20.000 луѓе. Поплавени се повеќе од 40 градови. Се проценува дека ова се најголемите поплави во Италија во последните 100 години.

    Многу фактори придонесоа за поплавите. Почвата што остана сува долго време се претвори во цемент, со што се намали нејзината способност да впива вода. Исто така, во регионот не е изградена брана веќе 40 години“, кажа Музамеки.

    Претседателот на Емилија-Ромања, Стефано Боначини, изјави дека е предизвикана штета од милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира