Со целовечерна забава во Градскиот парк во Скопје синоќа беа одбележани 500 години независност на Шведска и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Македонија.
Организатор на настанот насловен „Добри вибрации – музика и иновации“ беше Шведската амбасада во Скопје, која приреди дигиталната изложба „Шведски музички моменти“ и изложба на иновациите на шведските компании.
Приготвени беа 500 традиционални шведски слатки од цимет и кардамон, како и 500 парчиња шведска летна торта од јагоди.
На почеток на настанот се одржа дискусија со младите, на која беа претставени успешни македонски стартапи основани од млади луѓе, а на „школка“ подоцна настапија „Бендофф“ и Диџеј Васо, правејќи забава со песни на шведски бендови, пејачи, продуценти и текстописци.