Најмалку 20 деца загинаа во пожар во рударската област Мадија, во централна Гвајана, Јужна Америка, соопштија властите.
Пожарот избил после полноќ во дом за сместување на средношколци.
Владата вели дека спасувачките служби се борат да се згаснат пожарот, поради лошите временски услови.
Повеќе лица се повредени и се подготвуваат да бидат пренесени во болници во главниот град Џорџтаун.
„Ова е голема трагедија. Страшно и болно е“, изјави претседателот на Гвајана, Ирфан Али.