Една од фактичките константи низ 87-годишното постоење на „Алкалоид“ се инвестициите, вели генералниот директор и претседател на Управниот одбор на македонската фармацевтската компанија во интервју за српскиот магазин „Профит“.
Говорејќи за тоа кои нови технологии ги користи компанијата во производството за да го подобрите квалитетот на производот, колку се инвестира во модернизација на софтверот и какви се плановите за идните инвестиции и за натамошниот развој, Мукаетов вели дека во последните 3 децении интензивно ги насочиле нивните инвестиции кон следење на најновите трендови и достигнувања во фармацевтската индустријаа.
„Тоа го правиме инвестирајќи во градење и во проширување на производствените капацитети и на капацитетите за истражување и развој, како и во инсталирање современа опрема, лаборатории, во технологии, современ софтвер и во добро обучен кадар. Фармацевтската индустрија се смета за многу динамична, па затоа инвестициите се неопходен предуслов за градење модерно и конкурентно портфолио, кое ќе придонесе за подобро позиционирање и за подобри пласмани со фокус на странскиот пазар“, вели Мукаетов.
Во последните 5 години инвестирале 104,1 милиони евра во земјите од регионот, за што неодамна Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан ја прогласи ги прогласи за водечки инвеститор. До крајот на годината очекуваат да го довршит нивниот мегапроект „Таблетно 2“, чија цел е повеќе од двојно поголем обем и поголема флексибилност на производството на цврсти фармацевтски форми.
Србија седум и пол децении е дел од 87-годишната приказна на „Алкалоид“.
„Според српските фармацевти, лековите на ‘Алкалоид’ никогаш не излегле од книгите на жолтиот регистар (на лекови). За нас Србија е домашен пазар и првата земја надвор од македонските граници каде што компанијата има сопствено производство и веледрогерија, кои вработуваат повеќе од 150 луѓе. Тоа, исто така, доволно зборува за стратешкото значење на овој пазар за нас. Производствената програма на ‘Алкалоид’ во Србија опфаќа над 300 производи од областа на фармацијата и на медицината, а, секако, би го споменал и нашиот бренд ‘Бекутан’, со кој растеле и растат генерации во регионот“, вели генералниот директор.