МАКЕДОНИЈА ТРЕТА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПАРАГЛАЈДЕРСТВО ВО ФРАНЦИЈА

    МАКЕДОНИЈА ТРЕТА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПАРАГЛАЈДЕРСТВО ВО ФРАНЦИЈАМакедонија настапи во состав Дарко Станковски, Мартин Јованоски Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски

    Македонија го освои третото место во екипна конкуренција на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сур-Желон во северниот дел на Алпите.

    Настапувајќи во состав Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски,  македонскиот тим по деветте одржани трки освои 14.879 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето.

    Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со 16.100 поени, а на второто место заврши Велика Британија со 15.517.

    На 18. Светско првенство учествуваа 57 држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира