НАД 42.000 ЛУЃЕ ВО ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВА ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ВРВОТ НА ИЗЛЕВАЊЕТО НА ВОДАТА СЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКА

    НАД 42.000 ЛУЃЕ ВО ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВА ПО УНИШТУВАЊЕТО НА БРАНАТА ВО ХЕРСОН, ВРВОТ НА ИЗЛЕВАЊЕТО НА ВОДАТА СЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКАСателитска снимка од поплавените пристаниште и индустриска зона во градот Херсон (Фото: Максар)

    Илјадници луѓе ги напуштија своите поплавени домови и се очекува нивото на водата да продолжи да расте, откако вчера беше уништена важна брана во јужниот регион Херсон, за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат. Обединетите нации предупредија дека вистинските размери на катастрофата ќе станат појасни дури во следните денови.

    Илјадници луѓе во јужна Украина се соочуваат со губењето на своите домови и живеалишта и со недостиг на храна и безбедна вода“, изјави Мартин Грифитс, шефот за хуманитарна помош во Обединетите нации.

    Масовните евакуации продолжија и утрово долж реката Днепар, додека се појавуваат сателитски снимки од уништувањето. Една од фотографиите покажува поплавени пристаниште и индустриска зона во регионалниот главен град Херсон, кој лани беше ослободен од Украинците.

    Севкупно, ќе мора да се евакуираат над 40.000 луѓе: 17.000 на западниот брег на Днепар и 25.000 на источниот брег, кој е окупиран од Русија“, изјави заменичката на јавниот обвинител на Украина, Викторија Литвинова.

    Браната Каховка, зад која се наоѓа огромно вештачко езеро, обезбедува вода за жителите и земјоделците во поширокиот регион, како и за нуклеарната централа Запорожје, која, според властите, не била загрозена. Таа исто така е витален канал кој носи вода кон анектираниот полуостров Крим.

    Врвот на огромното излевање на водата од акумулацијата се очекува в среда наутро. Потоа ќе следи период на стабилизација, по што се очекува водата брзо да се повлече за четири-пет дена“, предупреди синоќа управителот на украинските хидроцентрали „Укрхидроенерго“.

    Останува непознато што е причината за пробивот на браната, но украинските воени разузнавачи тврдат дека Русија намерно ја разнела за да ја запре очекуваната украинска противофанзива. Русија, пак, тврди дека уништувањето на браната е резултат на украинско гранатирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира