ОПШТИНА ШТИП ЌЕ ПОКРИЕ 300.000 ЕВРА ДОЛГ НА КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ИСАР

    ОПШТИНА ШТИП ЌЕ ПОКРИЕ 300.000 ЕВРА ДОЛГ НА КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ИСАРСоветот на Општина Штип одлучи субвенционирање на долговите на ЈП „Исар“ за да може да работи. (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Штип денеска донесе одлука да го релабалансира буџетот за 18 милиони денари (околу 300.000 евра) кои ќе бидат наменети за субвенционирање на долговите на главното комунално претпријатие Исар, кое е во тешка финансиска состојба и со чести блокирани сметки, настанати исклучиво поради застарени долгови по сите основи.

    „Со поранешни склучени спогодби со министерството за финансии ЈП Исар на месечно ниво има 3,7 милиони денари обврска за враќање, а со склучена спогодба со ЕВН Хом претпријатието има обврска од 3 милиони денари. Секој месец ЈП Исар треба да издвои 6,7 милиони денари за плаќање на доспеаените доглови од минатото. Затоа, мораме да го зголемиме финансискиот потенцијал на ова јавно претпријатие кое го одржува целокупното комунално обезбедување со вода за пиење, за ѓубрарините, и со сите останатите комунални услуги што ги добиваат граѓаните на Штип“, објасни на седницата градоначалникот Иван Јорданов.

    На истата седница, директорот на ЈП Исар Кирил Зајков дека за да се подобри финансиското работење фирмата одлучи да се справи со непродуктивните вработувања, па најави дека ќе има замзрнување на идни вработувања, односно на местата на оние кои заминуваат во пензија нема да се примаат нови, ќе се пополнуваат со веќе вработените за што ќе се изготви и нова систематизација која ќе овозможи, според сегашните проценки, да се намали бројот на непродуктивната администрација за 120 лица, па 325 вработени ќе има 200 до 250.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира