ПРЕКИНАТ СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП ПОРАДИ ПОПЛАВА

    ПРЕКИНАТ СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП ПОРАДИ ПОПЛАВАДождот предизвика излевање на Раечка река на местото каде што се градат нови два тунела и го направи патот непрооден. (Фото: ЦУК/принтскрин од видео)

    Сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава беше во целосен прекин поради поплава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дождот предизвика излевање на Раечка река на местото каде што се градат нови два тунела и го направи патот непрооден. Оваа локација се поплавува секојпат кога има малку посилен дожд.

    АМСМ претходно соопшти дека на клучката кај „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај Плетвар пред тунелите имало свлечиште и одрон од карпи.

    Од ЦУК рекоа дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим од Полициската станица Градско и екипа со механизација која што работи на испумпување на водата и расчистување на патот.

    Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп беше нормализиран околу 14 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира