НЕ СМЕЕМЕ ДА ЈА ИСКЛУЧИМЕ МОЖНОСТА ОД РУСКИ НАПАД ВРЗ ШВЕДСКА, ЗАКЛУЧИ КОМИТЕТ НА ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    НЕ СМЕЕМЕ ДА ЈА ИСКЛУЧИМЕ МОЖНОСТА ОД РУСКИ НАПАД ВРЗ ШВЕДСКА, ЗАКЛУЧИ КОМИТЕТ НА ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТШведска се откажа од долгогодишната воена неутралност и побара прием во НАТО (Фото: НАТО)

    Комитетот за одбрана на шведскиот парламент заклучи дека не треба да се исклучи можноста од руски напад врз Шведска, објави шведската телевизија „СВТ’, повикувајќи се на свои извори.

    Од почетокот на руската инвазија на Украина, Шведска се обидува да ја зајакне својата одбрана и поднесе барање за членство во НАТО, откажувајќи се од долгогодишната воена неутралност. Унгарија и Турција досега не го ратифицираа барањето на Шведска, со што го кочат нејзиниот прием во НАТО.

    Иако руските копнени сили се врзани за Украина, не смеат да се исклучат други видови воен напад на Шведска. Русија исто така го намали прагот за употреба на воена сила и покажува висок политички и воен апетит. Руската способност да изведува операции со воздушни и поморски сили и со оружја со долг дострел останува недопрена“, стои во извештајот кој денеска ќе биде објавен.

    Во извештајот се нагласува новата одбранбена доктрина на Шведска, која му дава предност на НАТО во однос на досегашната соработка со скандинавските држави и ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира