ЖИТЕЛИТЕ НА БАВАРСКОТО ГРАТЧЕ ШВАНГАУ НА РЕФЕРЕНДУМ ИЗГЛАСАА ЛОКАЛНИОТ ЗАМОК ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКО

    ЖИТЕЛИТЕ НА БАВАРСКОТО ГРАТЧЕ ШВАНГАУ НА РЕФЕРЕНДУМ ИЗГЛАСАА ЛОКАЛНИОТ ЗАМОК ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО НАСЛЕДСТВО НА УНЕСКОЗамокот Нојшвајнштајн привлекува околу 1,5 милиони посетители годишно. (Фото: ДПА)

    Граѓаните на Швангау на референдум одлучија дека сакаат локалниот замок Нојшвајнштајн да стане дел од светското наследство на УНЕСКО. „За“ гласаа 56 отсто од жителите на ова гратче во германската покраина Баварија.

    „Резултатите од референдумот нè прават среќни. Ова ни дава јасен мандат од граѓаните да ја поддржиме иницијативата на покраинската влада. Сега е јасен патот за владата на Баварија да ја убеди комисијата на УНЕСКО за големата важност на баварските кралски замоци како споменици од светско значење“, кажа градоначалникот Штефан Ринке за вчерашниот референдум.

    Пред референдумот, беше неизвесно какво е расположението меѓу жителите на Швангау. Голем дел од нив се плашеа дека статусот на светско наследство на УНЕСКО ќе придонесе за повеќе посетители на замокот, кој веќе е една од најпопуларните атракции во Германија. Замокот Нојшвајнштајн привлекува околу 1,5 милиони посетители годишно.

    Други пак се загрижени дека УНЕСКО ќе наложи рестрикции за градба во близина на замокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира