УКРАИНЦИТЕ ОСЛОБОДИЈА УШТЕ ЕДНО СЕЛО ВО ЗАПОРОЖЈЕ И СЕ ДОБЛИЖИЈА НА 90 КМ ОД АЗОВСКОТО МОРЕ

    УКРАИНЦИТЕ ОСЛОБОДИЈА УШТЕ ЕДНО СЕЛО ВО ЗАПОРОЖЈЕ И СЕ ДОБЛИЖИЈА НА 90 КМ ОД АЗОВСКОТО МОРЕАналитичарите велат дека главната фаза од противофанзивата допрва ќе почне (Фото: АП)

    Украина објави дека нејзините сили го ослободиле осмото село од почетокот на противофанзивата пред две недели, кое се наоѓа во силно утврдениот дел од фронтот на најдиректниот пат кон брегот на Азовското Море. И проруските власти во јужниот регион Запорожје потврдија дека Украинците ја презеле контролата врз Пјатихатки, кое се наоѓа 90 километри од Азовското Море.

    „Украинските сили не само што го ослободија Пјатихивки, туку и напредуваа седум километри зад руските линии, заземајќи територија од 113 квадратни километри. За две недели офанзивни операции во правецот на Бердјанск и Мелитопол ослободени се осум населени места“, изјави заменичката на украинскиот министер за одбрана Хана Маљар.

    Руското министерство за одбрана само кажа дека руските сили одбиле украински напад на селото Новодоњецк во источниот регион Доњецк.

    Украина призна дека има напади во неколку делови од 1.000 километри долгиот фронт, но кажа дека нема да дава информации за битките. Аналитичарите велат дека главната фаза од противофанзивата допрва ќе почне.

    Додека украинските сили вршат таканаречени пробни напади за да ја тестираат руската одбрана, британските и естонските разузнавачи тврдат дека Русија прераспоредува дел од своите сили, од Херсон кон истокот. Станува збор за областите кои беа потопени во неодамнешното уништување на браната во Нова Каховка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира