ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА „ТИТАН“ Е ТЕСНО ПОДВОДНО ПЛОВИЛО УПРАВУВАНО ОД КОНТРОЛЕР ЗА ВИДЕОИГРИ, НЕ Е ОДОБРЕНО ОД НИЕДНО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО

    ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА „ТИТАН“ Е ТЕСНО ПОДВОДНО ПЛОВИЛО УПРАВУВАНО ОД КОНТРОЛЕР ЗА ВИДЕОИГРИ, НЕ Е ОДОБРЕНО ОД НИЕДНО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛОПатниците мора да седат на подот и имаат ограничен простор за движење наоколу (Фото: Оушнгејт)

    Веќе три дена трае потрагата по подморницата „Титан“, која со петчлен екипаж исчезна во Атлантскиот Океан додека беше на пат кон остатоците на „Титаник“.

    Титан“ е единственото приватно подводно пловило на светот кое може да стигне до длабочината од 4.000 метри. Американската компанија „Оушнгејт“ ја изгради специјално за туристички посети на „Титаник“, чии остатоци лежат 3.800 метри под површината на водата.

    Според компанијата, „Титан“ тежи над 10.400 килограми и има 13 сантиметри дебел труп од јаглеродни влакна зајакнат со титаниум. Може да прими пет луѓе, кои имаат залихи на кислород за 96 часа, но тоа зависи од нивото на дишењето на патниците.

    Оушнгејт“ почна да ја тестира „Титан“ во 2018, а првото патување беше организирано во 2021. Минатата година имала десет нурнувања, но не биле сите до „Титаник“. Една карта чини 250.000 долари.

    Една од последните фотографии на „Титан“ (Фото: Оушнгејт)

    Подморницата е многу тесна: долга е 670 сантиметри, широка 280, а висока 250 сантиметри. Иако е поголема од своите конкуренти, патниците, сепак, мора да седат на подот и имаат ограничен простор за движење наоколу. На предниот дел има голем отвор за набљудување, а ѕидовите се загреваат зашто на вакви длабочини може да биде екстремно студено. Единствениот извор на светлина во внатрешноста се ламбите на ѕидовите.

    Подморницата има мал тоалет за патниците. Кога се користи, се повлекува мала завеса, а пилотот пушта музика. Сепак, компанијата препорачува да се внимава на исхраната пред патувањето за да се намали потребата од користење на тоалетот.

    Бродот е опремен со моќни надворешни светла кои ги осветлуваат остатоците на „Титаник“, како и со камери, ласерски скенер и сонар.

    Бидејќи се спушта до големи длабочини, „Титан“ не може да користи ГПС, но екипажот може да прима инструкции од придружното пловило на површината преку специјален систем за текстуални пораки. Врз основа на овие упатства, пилотот управува со модифициран контролер за видеоигри.

    Целото патување до „Титаник“, што вклучување спуштање и искачување, трае околу осум часа. Пред да се нурне, екипажот се затвора и запечатува со 17 завртки.

    Оушнгејт“ вели дека „Титан“ е експериментално пловило, а претходните патници открија дека морале да потпишат документ во кој е наведено дека тоа не е одобрено од ниедно регулаторно тело и патувањето може да резултира со физички повреди, инвалидитет, емоционална траума или смрт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира