ЕКИПАЖОТ НА ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА „ТИТАН“ ИМА КИСЛОРОД ЗА УШТЕ 20 ЧАСА

    ЕКИПАЖОТ НА ИСЧЕЗНАТАТА ПОДМОРНИЦА „ТИТАН“ ИМА КИСЛОРОД ЗА УШТЕ 20 ЧАСАПодводното пловило исчезна во Атлантскиот Океан еден час и 45 минути по нурнувањето (Фото: Оушнгејт)

    Спасувачките екипи имаат уште 20-ина часа за да ја пронајдат исчезнатата подморница „Титан“ пред да остане без кислород утре наутро по локално време, изјави адмиралот на американската крајбрежна стража Џон Мауџер, кој ја води потрагата.

    Според информациите од компанијата „Оушнгејт“, која е сопственик на туристичката подморница со која се превезуваат луѓе до остатоците на „Титаник“, таа имала залихи на кислород за 96 часа во моментот кога бил прекинат контактот со површината.

    Тешко е да се предвиди колку кислород е останат зашто тоа зависи од потрошувачката на секој од патниците. Реалноста е дека времето истекува“, изјави Мауџер.

    Подводното пловило долго 6,7 метри исчезна во Атлантскиот Океан еден час и 45 минути по нурнувањето во неделата наутро. Меѓу патниците се двајца милијардери и сопственикот на „Оушнгејт“.

    Спасувачките екипи детектирале звуци кои доаѓале од длабочините на северниот дел на океанот, но нивниот извор не е утврден. Некои експерти сметаат дека „Титан“ тешко ќе може да се лоцира и ако е на површината, зашто само мал дел од пловилото излегува од водата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира