„ЧЕКАМЕ ЧАС И ПОЛ И УШТЕ НЕ СЕ ГЛЕДА ГРАНИЦАТА“ – ЧЕТИРИ КОЛОНИ ЗА ИЗЛЕЗ КОН ГРЦИЈА НА „БОГОРОДИЦА“

    „ЧЕКАМЕ ЧАС И ПОЛ И УШТЕ НЕ СЕ ГЛЕДА ГРАНИЦАТА“ – ЧЕТИРИ КОЛОНИ ЗА ИЗЛЕЗ КОН ГРЦИЈА НА „БОГОРОДИЦА“Поради гужвите на Богородица, голем дел од патниците се упатија кон Дојран (Фото: Ѓ. Личовски)

    Зголемена е фреквенцијата на моторни возила на граничните премини Богородица и Дојран за излез од државата кон Грција. Километарски колони од патнички возила и автобуси се создадоа на овие два гранични премина.

    Чекаме веќе саат и пол и сè уште не се гледа границата. Се чека во четири колони, кои на моменти се претвораат во пет поради многуте коли кои сакаат да се протнат. Покрај македонските возила, најбројни се српските“, изјави еден возач од Скопје.

    Од МВР велат дека се отворени сите сообраќајни ленти (Фото: Ѓ, Личовски)

    Според АМСМ, на Богородица за излез се чека еден час.

    ,,На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути до еден час“, стои во соопштението од АМСМ.

    Според информациите од МВР, поради зголемениот интензитет на овој граничен премин, ставени се во функција сите ресурси, при што се отворени сите сообраќајни ленти.

    Поради гужвите на Богородица, голем дел од патниците се упатија кон Дојран, при што и таму се создаде километарска гужва. Таму за излез работи само една лента и се чека околу еден час за излез од државата.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира