ПОД МОТОТО „ГЛАСНИ И ГОРДИ!“, ВО СКОПЈЕ СЕ СЛАВАТ РАЗЛИЧНОСТИ И ЉУБОВ НА ЧЕТВРТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА

    ПОД МОТОТО „ГЛАСНИ И ГОРДИ!“, ВО СКОПЈЕ СЕ СЛАВАТ РАЗЛИЧНОСТИ И ЉУБОВ НА ЧЕТВРТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТАУчесниците маршираа низ центарот на Скопје без провокации, проблеми и инциденти (Фото: К. Попов)

    Под мотото „Гласни и горди!“, во Скопје се одржува четвртата Парада на гордоста. Иако со забележливо помалку луѓе од лани, настанот кој слави, но и се бори за различности, љубов, еднаквост и слобода повторно поминува во разигран и позитивен тон.

    Маршрутата и на годинашната парада беше иста. На чело со огромно знаме во боите на виножитото, симбол на ЛГБТ заедницата, учесниците маршираа низ центарот на Скопје без провокации, проблеми и инциденти. Маршот тргна од паркот Жена борец, а крајната дестинација е стадионот на АРМ во Градски парк, каде што ќе заврши со музичка програма.

    Парадата на самото место ја поддржаа и политичари од актуелната власт, па во Жена борец можеа да се видат вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиноска-Стојчевска и ексминистерката Радмила Шеќеринска.

    Меѓу присутните беше и министерката за култура Бисера Костадиноска-Стојчевска

    Парадата, чие прво издание се одржа во 2019 година, е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

    Фото: К. ПОПОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира