МАКЕДОНИЈА ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО БЕРЛИН СО ПЕТ МЕДАЛИ

    МАКЕДОНИЈА ГО ЗАВРШИ НАСТАПОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО БЕРЛИН СО ПЕТ МЕДАЛИХајредини, Петровска, Трпковски, Стојановски и Мицковски со своите медали (Фото: Фејсбук)

    Македонските спортисти го завршија настапот на Специјалната олимпијада во Берлин со пет освоени медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.

    Медалите беа освоени во три спорта, а единственото злато го донесе атлетичарот Агрон Хајредини во скок во далечина од место. Во истата дисциплина Јулијана Петровска беше втора.

    И пливачите се закитија со два медала: Стефан Трпковски беше сребрен на 100 метри грбно, а Марио Мицковски финишираше како трет на трката на 100 метри слободно.

    Колекцијата медали ја заокружи Јане Никодиновски, освојувајќи бронза во бадминтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира