Роботот андроид „ЕвеР 6“ диригираше со Националниот оркестар на Јужна Кореја, на концертот во Сеул. Роботот е дизајниран од Институтот за индустриска технологија на Кореја, а сценското деби му беше токму со националниот оркестар. Роботот прво ѝ се поклони на публиката, а потоа се сврте кон оркестарот и почна да го води темпото на музичарите.
„Движењата на диригентот се многу прецизни. Роботот можеше да прикаже толку детални потези, многу подобро отколку што замислував“, рече Чои Со-јул, која го предводеше петочниот настап заедно со роботот.
Роботот сам одржа четири концерти. Но, важна мана на роботот е што не може да слуша.
Според еден од гостите на концертот, кој студира традиционална корејска музика, иако биле беспрекорни во одржувањето на ритамот на потезите на роботот им фалело живост, или можност да ја одржи колективноста на Оркестарот. Тоа, вели тој, е неопходно за музичката изведба.
„Претпоставувам дека ќе може самиот да диригира кога ќе биде комплетиран со вештачка интелигенција, со која ќе може да ја разбира музиката“, изјави 62-годишен гостин во публиката.