БАНДЕРИ СЕ ПОПИШУВААТ КАКО ЗЕЛЕНИЛО, ОТИ НЕСТРУЧНИ ЛИЦА РАБОТАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ВЕЛИ КИРИЛ РИСТОВСКИ ОД „ФЛОРАЗОН“

    БАНДЕРИ СЕ ПОПИШУВААТ КАКО ЗЕЛЕНИЛО, ОТИ НЕСТРУЧНИ ЛИЦА РАБОТАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ВЕЛИ КИРИЛ РИСТОВСКИ ОД „ФЛОРАЗОН“Ристовски, Петровска, Поповска и Димитриевска на денешната дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање. (Фото: СДК.МК)

    Да се назначи одговорна институција или претпријатие кое би било одговорно за континуирано одржување на Зелениот катастар, а економски најисплатливо е тоа да биде веќе постоечки субјект, наместо да се формира нов, е една од препораките на првата јавна трибина за дебатата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање.

    Говорејќи за Зелениот катастар, Кирил Ристовски, претседател на Флоразон, денеска рече дека општиот заклучок од анализите на Зелениот катастар на Град Скопје е дека тој вооошто не се употребува и како таков не е во состојба да ја исполнува неговата функција, а тоа е да помага во заштитата и унапредувањето на урбаното зеленило и да помага во справувањето со климатските промени.

    Според Законот за урбано зеленило, Зелениот катастар е дефиниран како: попис на вкупното зеленило на подрачјето на општината, општината во градот Скопје и градот Скопје, според вид, старост, квалитет, просторна распределба и друго.

    Но, анализата покажала голем број пропусти, дека означувањето на координатите на дрвјата и грмушките е направено во отсуство на стручни лица.

    Така, вели Ристовски, грмушки биле означени како дрвја и обратно, снимање на некои точки по два пати, означување на дрвени столбови за електрична и телефонска мрежа како дрвја, нејаснотии во означувањето на густите склопови од грмушки (на пример живи огради), означување на тревести растенија како грмушки и слично.

    Последниот попис на зеленилото во градот е направен во 2021, каде се опфатени на 105 илјади дрвја и 65 000 грмушки или вкупно над 170 илјади точки. (Фото: СДК.МК)

    „Моменталната пракса е таква да при какво било планирање и изведба на градежни активности, Зелениот катастар останува неконсултиран, а при отстранување на зеленило поради која било активност, промените не се евидентираат во базата на податоци. Истата важи и при посадувањето на нови растенија. Ова произлегува од тоа дека за негово одржување нема некоја наменска институција. Засега, Град Скопје директно преку различните сектори за грижи за Зелениот катастар. При тие активности, нема никаква поврзаност или координација на претпријатијата одговорни за урбаното зеленило на градот Скопје“, кажа Ристовски.

    Тој продолжи дека Зелениот катастар на Скопје иако начелно е достапен за преглед на пошиоката јавност преку интернет апликација, тој не е лесно пристапен. До него не може да се дојде ни преку официјалниот вебсајт на Градот Скопје, ниту преку интернет пребарувач. Единствено може да се пристапи доколку се знае точната URL адреса.

    Последниот попис на зеленилото во градот е направен во 2021, каде се опфатени на 105 илјади дрвја и 65 000 грмушки или вкупно над 170 илјади точки. Најголем број на попишани точки има во општините Карпош и Аеродром, а на територијата на Шуто Оризари воопшто нема попишано зеленило.

    Трибината ја организираше Зелен институт, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Проектот се работи во соработка со Градот Скопје и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, а во партнерство со граѓанските организации Флорозон и Македонско женско лоби.

    „Целта на проектот е да се подобри состојбата со зеленилото во градот преку законски измени и други интервенции, а со тоа и да се спречи појавата на топлински острови, да се намали загадувањето со стакленички гасови и да се подобри квалитетот на живот во Градот Скопје. Сите засегнати страни ќе учествуваат во законските реформи со цел заштита на зеленилото и климата“, рече Лилјана Поповска од Зелен институт.

    Меѓу четирите целни точки на проектот, како што кажа Поповска е, создавање на услови за подигање на зеленило кое е отпорно на климатските промени и обучување на вработените во „Паркови и зеленило“. Таа ја повика јавноста да доставува забелешки до 31 јули, а веќе во септември ќе излезат со преработени и ажурирани предлози за законските измени.

    На трибинаата говореа и Ана Петровска, експертка за животна средина и планирање на просторот и Даниела Димитриевска, претседателка на Македонското женско лоби.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира