СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА ВО КАВАДАРЦИ ЗА ШЕСТ ГОДИНИ СТАНА ДЕПОНИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА ВО КАВАДАРЦИ ЗА ШЕСТ ГОДИНИ СТАНА ДЕПОНИЈА

    Новата социјална зграда во Кавадарци е упропастена за само шест години од вселувањето. Кавадарчани се жалат дека во зградата има дел несовесни станари кои им го загорчуваат животот не само на останатите станари во зградата, туку и на околното население.

    Во зградата од пет ката, има триесет станови. Објектот, вреден од околу 900 илјади евра обезбедени од буџетот на државата, е како депонија, домофоните и сандачињата за пошта искршени, а во подрумите многу се краде. Жителите велат дека еднаш бил запален оган во подрумот и за малку ќе се запалела целата зграда.

    Жителите велат дека најпроблематични се триесетина лица кои живеат во неколку стана. На неколку пати е побарано решавање на проблемот од локалната и од државната власт и да им биде одземено правото за користење на стан на оние кои не го заслужуваат тоа.

    Во МВР велат дека полициските службеници од полициска станица Кавадарци „секојдневно превземаат мерки и активности од својот делокруг на работа, а кои се однесуваат на постапување по регистрирани кривично-правни настани, одржување на стабилен јавен ред и мир или пак постапување по одредени пријавени настани“. Велат дека немало евидентирано зачестени пријави за безбедносно интересни настани за станари во социјалната зграда во Кавадарци.

    Од Локалната самоуправа велат дека знаат за проблемот и дека се планирало иселување на фамилии од тој дел на градот. Но работата е статус кво, откако се појавила невладина организација во одбрана на лицата кои требало да бидат иселени.

    Од Центарот за социјални работи Кавадарци не упатија кон Министерството за транспорт и врски, а оттаму кон Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

    „Не можеме да сториме ништо ако станарите за кои зборувате ги исполнуваат обврските од договорот. Санкции следуваат ако се констатираат неправилности и непочитување на договорот“, велат од Акционерското друштво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира