НА 500. ДЕН ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА, ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОСЕТИ ЗМИСКИОТ ОСТРОВ

    НА 500. ДЕН ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА, ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОСЕТИ ЗМИСКИОТ ОСТРОВВо видео објавено на социјалните мрежи, Зеленски пристигнува со чамец на островот и потоа остава цвеќе на споменик. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Змискиот остров во Црното море, каде што на самиот почеток на руската инвазија на Украина, бранителите му се спротивставија на руски воен брод. Денеска е 500. ден од војната во Украина.

    Во видео објавено на социјалните мрежи, Зеленски пристигнува со чамец на островот и потоа остава цвеќе на споменик.

    „Денеска сме на Змискиот остров, кој никогаш нема да биде освоен од окупаторите, исто како и цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите. Сакам да им се заблагодарам оттука, од ова победничко место, на секој наш војник за изминатите 500 дена“, кажа Зеленски.

    Русија го зазеде Змискиот остров набрзо по почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година. Заробените украински војници подоцна беа разменети за руски заробеници.

    Украинските сили го ослободија островот во јуни минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира