БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГЕРМАНСКИ ГРАД

    БЕГАЛЕЦ ОД СИРИЈА СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГЕРМАНСКИ ГРАДАлшебл избега од војната во Сирија пред осум години. (Фото: ДПА)

    Ријан Алшебл, 29-годишен бегалец од Сирија, официјално даде заклетва како градоначалник на германскиот град Оштелшајм на седница на општинскиот сове во петокот вечер.

    Алшебл избега од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на југозападниот германски град со 2.500 жители го избраа како нов градоначалник со мнозинство од 55,41 отсто.

    Германската Мрежа на млади градоначалници вели дека немаат податоци за друг бегалец кој дошол во Германија во 2015 година и станал градоначалник на германска општина.

    Церемонијата се одржа во локалната градска куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира