ТУРЦИЈА ЌЕ ДОБИЕ БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ОД САД ОТКАКО ЈА ПОДДРЖА ШВЕДСКАТА АПЛИКАЦИЈА ЗА НАТО

    ТУРЦИЈА ЌЕ ДОБИЕ БОРБЕНИ АВИОНИ „Ф-16“ ОД САД ОТКАКО ЈА ПОДДРЖА ШВЕДСКАТА АПЛИКАЦИЈА ЗА НАТОВо октомври 2021, Турција побара да купи 40 авиони „Ф-16“ (Фото: АП)

    Џо Бајден го одобри испраќањето на борбени авиони „Ф-16“ во Турција, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен.

    „Претседателот беше јасен дека го поддржува испраќањето. Тој не стави никакви забелешки на тоа“, изјави Саливен пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус.

    Ова следува откако турскиот претседател Ердоган синоќа се согласи да ја поддржи кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, ветувајќи дека ќе се погрижи таа да биде одобрена во парламентот. Некои партнери на НАТО веруваа дека Турција ја користеше шведската апликација за да го притисне Вашингтон за авионите. Во октомври 2021, Турција побара да купи 40 авиони „Ф-16“ и 79 пакети за модернизација на постојните авиони, за што сакаше да издвои 20 милијарди долари.

    Министрите за одбрана на САД и Турција, Лојд Остин и Јасар Ѓулер, синоќа разговарале за модернизирањето на турската војска. Ердоган вчера кажа дека ратификацијата на шведската апликација и купувањето на авионите не се поврзани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира