УКРАИНА ЌЕ ИМА ПОЕДНОСТАВЕН ПАТ КОН НАТО, НО КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГ

    УКРАИНА ЌЕ ИМА ПОЕДНОСТАВЕН ПАТ КОН НАТО, НО КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГЗеленски денеска се обрати пред голем број луѓе во Вилнус (Фото: Гети)

    Членките на НАТО се согласија дека сега не е време за прием на Украина, но ѝ ветија поедноставен пат до членството во иднина.

    Поддршката за Украина беше главната тема на првиот ден од дводневниот самит на НАТО во Вилнус, при што генералниот секретар Јенс Столтенберг кажа дека сојузниците се согласија да испратат силна, единствена и позитивна порака за Украина, како и позитивен пат кон членството.

    Украина ќе добие покана кога ќе се исполнат условите. Најважната задача сега е да се обезбеди Украина да надвладее. Никогаш немало посилна порака од НАТО, како и посилна политичка и конкретна практична поддршка. Процесите за зачленување не се засновани врз временски рамки, туку врз исполнување услови. Додека трае војната, Украина не може да стане полноправна членка на НАТО“, изјави Столтенберг.

    Володимир Зеленски претходно го искритикува НАТО дека е апсурдно што Украина досега не добила временска рамка за прием во алијансата.

    За Украина ќе го промениме патот кон членството од процес со два чекора во процес со еден чекор. Ова е силен пакет и јасен пат кон членството во НАТО“, додаде Столтенберг.

    Тој објави формирање нов совет НАТО-Украина, во кој двете страни ќе имаат еднаков статус, а првиот состанок ќе се одржи утре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира