ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО, ПЛУМБ ВЕЛА, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ

    ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО, ПЛУМБ ВЕЛА, ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИД-р Вела дојде на местото директор на Клиничката болница во Тетово во март годинава. (Фото: Фејсбук)

    Доктор Плумб Вела поднесе оставка после три и пол месеци откако беше назначен за директор на Клиничката болница во Тетово. Освен од директорското место, Вела поднел оставка и од функцијата шеф на огранокот на Алијанса за Албанците во Тетово. Како што вели, оставките ги поднел поради лични и здравствени причини.

    „Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в. д. директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и во архивата на Министерството за здравство. Исто така, поднесов оставка до седиштето на Алијанса за Албанците и од функцијата и од функцијата шеф на огранокот на Алијанса за Албанците, Тетово. Благодарен сум на сите колеги од болницата, пријатели и поддржувачи на Алијанса за Албанците за поддршката и помошта во текот на овие месеци. На сите тетовци и активисти на Алијанса за Албанците, од сѐ срце ви благодарам за континуираната поддршка. Мојот придонес ќе продолжи како едноставен активист на Алијанса за Албанците“, изјави Вела.

    Д-р Вела дојде на местото директор на Клиничката болница во Тетово во март годинава, на местото на дотогашниот директор на болницата Амир Елези, кој доаѓаше од редовите на Алтернатива, а беше сменет откако Алтернатива ја напушти владината коалиција.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира