ЗАСЛАДУВАЧОТ АСПАРТАМ Е МОЖНО КАНЦЕРОГЕН, НО БЕЗБЕДЕН ЗА УМЕРЕНО КОНСУМИРАЊЕ, ВЕЛИ СЗО

    ЗАСЛАДУВАЧОТ АСПАРТАМ Е МОЖНО КАНЦЕРОГЕН, НО БЕЗБЕДЕН ЗА УМЕРЕНО КОНСУМИРАЊЕ, ВЕЛИ СЗОАспартамот се наоѓа во околу 6.000 производи (Фото: Гардијан)

    Засладувачот аспартам е можно канцероген, но безбеден за консумирање во веќе договорените нивоа, објави Светската здравствена организација (СЗО). Ова е заклучокот на две одделни експертски групи на СЗО, кои испитуваа дали има какви било докази дека супстанцата е потенцијално опасна и ризична за здравјето.

    Аспартамот е еден од најпопуларните засладувачи на светот и се наоѓа во околу 6.000 производи, од пасти за заби и гуми за џвакање до диеталната „кока-кола“ и јогурти. Дава 200 пати поблаг вкус од шеќерот, но помалку калории.

    Ознаката ‘можно канцероген‘ често создава страв и конфузија, но тоа само значи дека доказите се неубедливи. Повеќето луѓе консумираат помалку од безбедните горни граници на аспартам, но им препорачуваме на оние кои пијат многу да намалат малку“, велат од СЗО.

    Иако е широко раширен, прашањето за безбедноста на оваа хемиска состојка предизвикува контроверзи уште од нејзиното појавување во 1980-ите. Од 1981, Комитетот за прехранбени адитиви на СЗО вели дека е безбедно да се консумира аспартам во рамките на прифатените дневни ограничувања. Така се вели дека возрасна личност од 60 килограми би требала да испие меѓу 12 и 36 лименки „кока-кола“ дневно за да биде во ризик. Ова е нашироко прифатено од националните регулатори, па и во САД и Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира